Кире Лазаров поради повреда не играше против Словенија, а нема да игра и на другите два натпревари. Тоа е голем удар за нашата селекција, но оние кои играа покажаа дека можат да играат големи натпревари и без Кире Лазаров со составот, а тоа е многу важно за иднината на репрезентацијата.
„Словенија не играше добро, а ние ги натеравме така да играат. Бевме неискусни и без среќа во некои ситуации. Бевме блиску до бод. Се надевам ќе извлечеме поука од овој меч. Не беше ништо страшно кога разбравме дека останавме без Киро на паркетот. Тој не играше на пријателските и видовме дека можеже без него. Добро се чуствуваме, но некои грешки ги правевме од неискуство. Избрзавме во некои моменти, но најбитно е што видовме дека можеме без Киро. Одиме во вистински правец, само да ги намалиме грешките“, изјави Стоилов.






