Битолскиот тим очекуваше победа од овој меч бидејќи му гостуваше на последнопласираниот тим во групата Д кој нема шанси за осминафинале. Но планот не беше остварен на теренот.
Првото полувреме беше изедначено, двете екипи се менуваа во водство, на одморот се замина со нерешени 11-11.
Еурофарм Пелистер добро го почна вториот дел, дојде до предност од два разлика, но финишот им припадна на домаќините кои не само што го свртеа мечот туку на крајот дојдоа и до триумф од четири гола разлика, 25-21.
Без Табоада, Велковски и Обрадовиќ во составот, сам играше Стипе Мандалиниќ, кој постигна 10 гола, а по три имаа Маџовски, Граѓан и Периќ. Кај противникот Сунајко постигна осум, Ѓор имаше седум од седум.
Е. Пелистер остана на 10 бода, но имаше среќа што Спортинг киксна во Атина и загуби од АЕК со 25-24, па не го престигна македонскиот тим. Во последното коло, идната недела, „пелистерци“ ќе имаат можност да го сочуваат второто место во групата Д на дуелот против АЕК во Битола.






