Скопско и фановите со пораките за добар настап ги испратија македонските репрезентативци на Европското првенство, кое в недела почнува во Србија. Платното беше поставено на улица Македонија пред спомен-куќата на Мајка Тереза, а на претставувањето присуствуваа беа најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, селекторот Звонко Шундовски и комерцијалниот директор на „Пивара Скопје АД“, Дидрик Калф. „Пивара“ и РФМ имаат партнерство непрекинато веќе 30 години.
„Ќе играме со полно срце и душа за вас и за Македонија. Ќе сториме сè за да ја оправдаме вашата огромна доверба“, возвратија ракометарите.
Креирањето на навивачкото платно е дел од комуникациската платформа „Вкусот на нашата гордост“, на која како верен пријател на македонскиот ракометен тим се потпишува „скопско“.
Покрај навивачкото платно, серијата на пиво има и специјално креиран навивачки дрес, кој пред почетокот на Европското првенство е достапен на навивачите и поддржувачите на македонската ракометна селекција преку продажни акции на „скопско“, со цел да се создаде вистинска навивачка атмосфера.