среда, 10 декември 2025

Шведска со луд пресврт ја победи Норвешка во скандинавското дерби и се пласира во полуфинале

Објавено на

часот

Сподели

Норвешка водеше во текот на целиот меч, имаше и шест голови предност, но Швеѓаните во ниту еден момент не се предадоа, играа до крај и успеаа да направат сензационален пресврт.
 
Пред самиот крај Норвешка имаше водство од 23-19 и тука застана, Шведска направи неверојатна серија од 5-0 и дојде до победа која ги однесе во полуфиналето. На Норвежаните им одговараше и реми, имаа напад за да го направат тоа, но и тој го промашија.
 
Претходно место во полуфиналето обезбеди и Шпанија која со 28-27 ја совлада селекцијата на Полска.
 
Иако треба да одигра уште еден меч, место во полуфиналето веќе има обезбедено и селекцијата на Данска.
 
За последното место меѓу четирите најдобри конкурираат уште Франција и Исланд.
 
Французите сами си ја решаваат судбината, не треба да загубат од Данска доколку Исланд ја победи Црна Гора.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ