понеделник, 8 декември 2025

Шведска е новиот европски шампион, Шпанија се симна од тронот

Објавено на

часот

Сподели

Шведска првпат по 20 години стана Европски шампион, Шпанија која ја бранеше титулата не успеа да дојде до уште едно злато.
 
Натпреварот беше изедначен во целиот тек, во првото полувреме Шведска постојано имаше водство, но во ниту еден момент тоа не беше повисоко од два гола разлика. Пред самиот крај на првиот дел Шпанија направи пресврт и со предност од 13-12 замина на одморот.
 
Во второто полувреме Шпанија десетина минути го одржуваше водството, а потоа Швеѓаните повторно ја преземаа предност. Во финишот при резултат 26-26, Кањељас не успеа да реализира напад, а во последните секунди направи и пенал, па Егберг со удар од седум метри донесе победа на Шведска од 27-26.
 
Егберг и Бергендал со по пет гола беа најефикасни во составот на Шведска, за Шпанија, Абељо постигна шест, Серано пет.
 
Ова беше вкупно петта европска титула за Шведска, прва по 20 години.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ