Веќе неколку дена не можеше да се купи билет за мечот меѓу Македонија и Чешка, а РФМ денеска потврди дека влезниците се распродадени.
Тие ги замолија оние кои имаат билети навреме да дојдат на натпреварот. Вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 17:30 до 18:35, мечот почнува од 19 часот.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Чешка заврши нерешено, 24:24.






