сабота, 13 декември 2025

Ракометната Суперлига од следната сезона ќе има 16 клубови

Објавено на

часот

Сподели

Ниту еден од Суперлигашите од оваа сезона нема да ја напушти лигата, а наместо две во неа ќе влезат четири екипи од Првата лига со тоа ќе се комплетира бројката од 16 екипи.
 
Сменет е и системот на натпреварување. Во првата есенска фаза екипите ќе бидат поделени во две групи од по осум тимови.
 
По завршувањето на таа фаза, најдобрите четири екипи од двете групи ќе се пласираат во плеј-оф, а останатите ќе играат во плеј-аут. Повторно ќе се пренесуваат бодови, првиот – три, вториот – два, третиот еден, четвртиот – нула.
 
Плеј-офот и плеј-аутот ќе се играат како и сега, секој со секого по двапати, тоа значи дека ќе има по 14 кола. Првопласираниот во плеј-офот ќе биде шампион, а во плеј-аутот првите пет екипи ќе обезбедат опстанок. Шестиот ќе игра бараж со третиот од Првата лига, а седмиот и осмиот ќе испаднат.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ