сабота, 13 декември 2025

Ракометен спектакл во Скопје: Легендите се собраа на едно место (ФОТО)

Вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ се одржа спектакуларен меч, македонските и странските ракометари кои го одбелажаа овој спорт кај нас се собраа и одиграа ревијален натпревар по повод 20 години од формирањето на „Спортското радио 90,3 ФМ“.

Објавено на

часот

Сподели

Фановите кои речиси ја исполнија салата се потсетија на едни романтични ракометни денови, на теренот продефилираа играчи од различни генерации, но сите и тоа како познати на македонската публика.

Тренери беа некогаш големите ривали Лино Червар и Веселин Вујовиќ, а од ракометарите настапија легенди како Пепи Манасков, Лазаров, Диви, Стоилов, Штербик, Кањељас, Вугринец, Карачиќ, Хорват, Чупиќ, Миркуловски, Царчев, Шишкарев, Џамбо… правдата ја делеа и нашите легендарни судии Драган и Маријан Начевски.

Екипите беа поделени на македонски ракометари и странци, а натпреварот заврши нерешено 30-30.

Фото: МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ