Покрај Митревски и Кизиќ, поради позитивен тест на ковид нема да патуваат ниту крилото Гоце Ојлески и левиот бек Михајло Младеновиќ, како и кондицискиот тренер Петар Баснарков.
Позитивните ракометари треба да бидат пет дена во изолација, а потоа ако добијат два негативни ПЦР теста, може да ѝ се приклучат на репрезентацијата.
Списокот на Македонија за ЕП:
Голмани : Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски
Леви крила : Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски,
Леви бекови : Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски
Централни бекови : Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев,Горан Крстевски
Пивоти : Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски , Костадин Петров, Кристијан Симоновски
Десни бекови : Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов
Десни крила : Никола Костевски, Гоце Георгиевски
Селектор: Кирил Лазаров
Македонската репрезентација денеска во 14:10 часот ќе летне за Дебрецин. Првиот натпревар го играме во четврток против Словенија со почеток од 18 часот.






