Вардар нема да патува во Белорусија, која му е сојузник на Путин и е вмешана во војната меѓу Русија и Украина.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар кој требаше да се игра во 13. коло, е откажан, а не се знае кога, каде и дали ќе се одигра.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги извести двата клуба дека сегашната ситуација не дозволува натпреварот да биде одигран според планираното. А за следните чекори клубовите дополнително ќе бидат известени.






