четврток, 11 декември 2025

Нападот затаи во второто полувреме, Македонија загуби од Црна Гора

Објавено на

часот

Сподели

По солидното издание против Словенија, очекувавме триумф против Црна Гора, но тоа не се случи. Македонските ракометари одиграа многу лошо во нападот во второто полувреме и тоа беше причината за овој пораз.
 
Македонија тргна лошо, Црна Гора поведе со 4-0, дури потоа почнавме да даваме голови. Црногорците во вториот дел на двапати водеа и со пет гола разлика, но како што одминуваше времето игравме сѐ подобро и на одморот заминавме со само еден гол негатива, 16-17.
 
Во второто полувреме ја стегнавме одбраната, Митревски бранеше одлично, но проблем настана во нападот, македонските ракометари немаа идеја, промашуваа, не ги користеа грешките на противникот. Во вторите 30 минути постигнавме само осум гола и на крај заслужено му честитавме на противникот. Црна Гора победи со 28-24.
 
Херој на Црна Гора беше голманот Небојша Симиќ, кој имаше 12 интервенции од кои дури 10 во второто полувреме. Кај нас Митревски имаше 11 одбрани, Томовски шест. Велковски со шест гола беше најдобар стрелец на нашата репрезентација, Цветан Кузмановски постигна пет.
 
Следниот натпревар на Македонија е в понеделник против Данска од 20:30 часот, но тој меч ќе биде само формалност, ги загубивме сите шанси за поминување во втората фаза.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ