Македонските ракометари денеска разочараа, одиграа лош натпревар, многу промашуваа и на крај заслужено загубија од Црна Гора.
„Разочарани сме. Факт е дека сме поквалитетни од Црна Гора, ама фаворитите секогаш не победуваат. Не може со одење и со стоење да победиме! Трениравме добро, ама нешто не трениравме, а тоа се – душата и срцето. Жал ми е многу, а неиграњето на Стоилов да не ни биде оправдување. Имаме квалитет, но тој не победи денеска“, вели Миркуловски.
Следниот натпревар на Македонија е в понеделник од 20:30 против Данска. Тоа ќе биде само формален меч, сите шанси ги загубивме денеска.






