Македонија со 25-27 го загуби првиот натпревар на Европското првенство, Словенија беше фаворит и дојде до победата, но можеше да биде поинаку.
Момците на Кире Лазаров одиграа храбар меч, беа борбени, но направија и многу грешки, што на крајот се покажа како клучно.
„Можевме повеќе, одигравме релативно одличен меч и пресудни беа тие технички грешки. Мислам дека ако ги сведевме тие технички грешки на пет-шест помалку ќе имавме позитивен резултат. Одлично отворивме со 4-1, но потоа следеше таа нивна серија од 6-0, но го издржавме тој притисок за да влеземе во егал. Сепак, грешките беа пресудни. Пропуштивме голема шанса, Словенците беа во грч, се изненадија кога и без Кире Лазаров видоа дека можеме добро да одиграме. Сепак, ете не успеавме да победиме“, рече Филип Миркуловски по мечот.
„Ние за ова ја подготвуиваме оваа репрезентација, Лазаров требаше да игра 15-20 минута, идејата беше помладите да играат, генерацијата 96 да го понесе тој товар и се виде дека квалитет и во одбрана и во напад. По мене одиграа многу коректен меч, на чело со Томовски, се што можеше фати“.






