ЕХФ најпрво го суспендираше Металург од европските натпреварувања, но откако клубот не си ги подмири долговите кои ги има кон ракометари од минатото, Европската ракометна куќа побара од Ракометната федерација клубот да биде суспендиран и од домашните натпреварувања.
Ракометарите и тренерите неисплатените плати веќе долго време ги бараат преку ЕХФ, па суспензијата од домашните натпреварувања е краен притисок за Металург да си го подмири тоа што го должи.
Суспензијата треба да трае додека клубот не си ги расчисти долговите, а доколку не го стори тоа ова може да биде дури и распаѓање на Металург.
Но, повеќе информации за целиот случај и иднината на Металург се очекуваат утре. Клубот закажа прес-конференција од 11 часот.






