среда, 24 декември 2025

Меѓународниот олимписки комитет бара суспензија за руските и белоруски спортисти

Објавено на

часот

Сподели

Руските и белоруските спортисти во индивидуалните натпреварувања нема да можат да учествуваат во натпреварувањата се додека трае војната. МОК ги повика федерациите да ги суспендираат спортистите од овие земји.
 
Таму каде што ќе биде невозможно да бидат суспендирани, тие нема да смеат да настапуваат под името, знамето и химната на Русија или Белорусија.
 
Истата судбина ги очекува и репрезентациите и екипите од овие земји ви екипните натпреварувања.
 
ФИФА ѝ забрани на Русија да го користи името, знамето и химната. Но притисокот на Полска, Чешка, Шведска, Англија и останатите е голем и се очекува воопшто да не се играат натпревари против руската репрезентација.
 
Рускиот спорт ќе биде меѓународно изолиран додека трае инвазијата на оваа земја во Украина.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ