Мартин Томовски беше еден од најзаслужните играчи на Вардар во гостинската победа кај Монпелје. Македонскиот голман запиша 14 одбрани и даде огромен допринос за изненадувачката победа.
Медиа тимот на ЕХФ го прогласи Томовски за најдобар голман на колото, покрај него во идеалниот тим се уште и Дилан Наи, Сандро Обрановиќ, Сташ Скубе, Дика Мем, Иван Чупиќ, Мохамед Мамду.
Видеото од идеалниот тим можете да го погледнете на овој ЛИНК.






