сабота, 13 декември 2025

Македонските ракометарки загубија од Норвешка, но не разочараа

Објавено на

часот

Сподели

Норвешка во Скопје допатува со подмладен состав, но и покрај тоа оваа селекција важеше за апсолутен фаворит против ракометарките на Љубомир Савевски кои имаат тенденција на напредок во последно време.
 
Така беше и денеска, Македонија беше рамноправен противник на Норвешка во најголемиот дел од мечот. Имавме реми 14-14 кога противникот поради поширокиот ростер на квалитетни ракометарки почна да се одлепува. До крајот на мечот тие направија серија од 8-2 и победија со 22-16.
 
Јована Саздовска со шест голови беше наша најефикасна ракометарка, Јанеска постигна четири, а Сара Ристовска три. Одлична беше нашата голманка Мицевска која одбрани 14 пати.
 
Македонија во недела со почеток од 16 часот гостува кај Норвешка во последниот меч од групата. Норвежанките се на првото место со десет бодови, ние сме последни без бодови.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ