Македонската женска репрезентација има напредок, доживеавме пораз од Словенија, но случувањата на теренот можат да радуваат.
Македонија го имаше последниот напад, Сара Ристовска и Моника Јанеска направија цепелин меѓутоа словенечката голманка одбрани, а црвено-жолтите добија седмерец 14 секунди до крајот. За жал, Леонида Гичевска не успеа да го реализира и да се избори за нерешено.
Симона Стојковска со осум гола девет обиди беше прв стрелец, 7 постигна Гичевска, 6 Сара Ристовска, а пет Моника Јанеска. Во тимот Словенија незадржлива беше Ана Грос со 10 гола.
Шанса за реванш македонските ракометарки ќе имаат в недела, од 18.30. Тоа ќе биде четврти меч во Евро-купот, натпреварување предвидено за домаќините и шампионот на претстојното европско првенство, Македонија Словенија, Црна Гора и Норвешка.






