среда, 24 декември 2025

Македонските ракометарки повторно загубија од Словенија

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометарки не успеаа да ја повторат добрата партија од Целје каде беа на чекор до реми. Денеска избраничките на Љубомир Савевски во салата „Борис Трајковски“  доживеаа пораз од седум голови разлика.
 
Словенија постојано водеше, Македонија имаше проблем со реализацијата, во првата половина од првото полувреме не реализиравме дури три пенали. Словенките најчесто водеа со 2-3 разлика, но дојдовме до 11-11. Сепак Словенките на одмор заминаа со предност од 13-11.
 
Во вториот дел Словенија брзо се одлепи на пет голови разлика и веќе беше јасно дека тие ќе го добијат овој дуел, прашање беше само со колку голови разлика. Конечниот резултат беше 27-20 за Словенија.
 
Најефикасна наша ракометарка беше Сара Ристовска со седум голови, Гичевска даде четири. Кај Словенија Ана Грос со седум и Нина Зулиќ со пет беа најдобри.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ