среда, 4 март 2026

Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство за ракометари до 21 година!

Од 23 јуни до 4 јули 2027 година во Скопје ќе се одржи Светско ракометно првенство за младинци, играчи до 21 година.

Фото: РФМ

Објавено на

часот

Сподели

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска информираше дека ја добила организацијата на овој младински Мундијал.

„Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на IHF Men’s Junior (U21) World Championship, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.
Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.

Воедно, изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување“, стои во соопштението на РФМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ