Светската ракометна федерација (ИХФ) со допис до РФМ потврди дека прифатила Македонија да биде домаќин на Мундијалот за девојки до 18 години на местото од Грузија.
Натпреварувањето требаше да се одржи во Грузија, но поради воената состојба во регионот, се преместува во Македонија.
Светското првенство треба да се оджи од 30 јули до 10 август, а натпреварите ќе се играат во Скопје, во салите „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.






