За да се пласира на Светското првенство 2023, Македонија ќе треба да помине два бараж дуели.
Првиот треба да биде лесен, тоа се репрезентации кои преку квалификациите стигнаа до баражот. Сега се познати и сите можни противници на Македонија за таа бараж пресметка која ќе се оддржи во март.
Тоа се: Италија, Фарски Острови, Белгија, Швајцарија, Романија, Грција, Израел, Естонија и Финска.
Но, тешкото следува откако ќе се помине овој бараж. Поради тоа што Македонија испаѓа уште во групната фаза, последната пречка за пласман на СП ќе ни биде репрезентација пласирана од 4. до 15. место на ова Европско првенство (освен двата домаќини и актуелниот светски шампион Данска).






