Македонија со 30-22 ја победи Романија. Убедливиот триумф беше изборен со фуриозен финиш на мечот. Во 43. минута беше само +1 за нас, а на крајот +8.
„Беше прекрасно да се игра пред нашата публика после долго време. Имавме одличен противник денеска, не спиев добро последните 2-3 ноќи. Како што кажа Пасквал, резултатот можеби не е реален, но спортот е таков, се игра 60 минути и во овој натпревар ние бевме подобри. Многу пати и ние сме биле добри 40-45 минути, па потоа сме губеле, но денеска, за разлика од ЕП имавме поширока ротација, Никола Марковски, јас и уште некои играчи, кои можеби немаат големи, но значајни улоги. Мислам дека тоа е клучот што победивме. Резултатот можеби не е реален и мора да бидеме претпазливи. Познавајќи го, нема да се предаде по овој прв меч“, изјави Кире Лазаров.
Реваншот во Романија се игра во сабота. Ако ја сочуваме големата предност ќе дојдеме до последната пречка пред Светското првенство, селекцијата на Чешка.






