среда, 10 декември 2025

Кузмановски: Навистина не знам што е со тие технички грешки

Објавено на

часот

Сподели

Синоќешниот пораз од Црна Гора ја разочара македонската јавност, но ги разочара и ракометарите, кои не очекуваа дека ќе го загубат мечот.
 
Кузмановски алиби бара во отсутните, но и се чуди зошто правиме толку технички грешки.
 
„Се чувствувам уморно и разочарано. Против Словенија имавме многу технички грешки, што требаше да го подобриме со Црна Гора, но не успеавме. Со доаѓањето на Кире Лазаров како селектор имавме добри резултати, освен овие два меча на ЕП, за што виновен е и големиот пех со многуте повредени и болни играчи. Оваа репрезентација дефинитивно не е иста без Дејан Манасков, Никола Марковски, Стојанче Стоилов и, се разбира, играчот Лазаров“, вели Кузмановски.
 
„Утре играме против Данска, меч во кој нема што да загубиме. Тоа е шанса да покажеме што и како сме се подготвувале. Треба да излеземе со студени глави и да одиграме за себе, пред сѐ борбено. Пробуваме да играме некој нов систем, брз ракомет со многу ротации. Но навистина не знам што е со тие технички грешки. Навистина ги направивме премногу во двете средби“.
 
Македонија утре со почеток од 20:30 часот го игра последниот меч од Европското првенство, дуелот против Данска.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ