четврток, 11 декември 2025

Кузмановски: Ќе ми биде срам да излезам пред навивачите против Данска

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари имаа очајно издание во нападот во второто полувреме, а тоа ги чинеше пораз од Црна Гора со 24-28 и елиминација во групната фаза од Европското првенство.
 
Филип Кузмановски вели дека ќе му биде срам да излезе на теренот против Данска.
 
„Ќе ми биде срам да излезам на теренот против Данска пред нашите навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе од тоа што го покажавме. Немам коментар, навистина не знам што да кажам“, вели Кузмановски.
 
„Вчера рековме дека треба да ги поправиме тие технички грешки што ги правевме против Словенија, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам кај е проблемот“.
 
„Сите зборуваат за некоја нова Македонија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска, да трчаме… Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено нѐ победија“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ