четврток, 11 декември 2025

Кире Лазаров се повреди, нема да игра на Европското првенство!

Објавено на

часот

Сподели

Голем хендикеп за македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров нема да може да настапи на Европското првенство и како играч.
 
„Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А.
Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг.  По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели. 
Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч“, стои во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ