четврток, 11 декември 2025

Хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот ракометар на Бутел, Денис Тот, се наоѓа во критична состојба откако вчера во раните утрински часови бил однесен во болница со тешки повреди по телото.
 
Според хрватскиот портал „Вечерњи новости“, ракометарот бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.
 
Тот во клиничкиот центар бил донесен во бесознание со повеќе повреди по телото предизвикани од тапи предмети. Има и неколку скршеници. Во моментов е во кома и се бори за живот.
 
Родителите на Денис Тот од Хрватска допатувале во Скопје, а од МВР има најава дека денеска ќе кажат повеќе детали за инцидентот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ