понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ и Федерер му ја честитаа победата на Надал

Објавено на

часот

Сподели

По голема борба во пет сета која траеше повеќе од пет часа, Надал со 3-2 го победи Медведев и ги престигна Ѓоковиќ и Федерер на вечната листа на освоени грен слем титули.
 
По мечот честитки за Надал стигнаа и од ривалите, Ѓоковиќ и Федерер.
 
„Честитки за Рафаел Надал за 21. грен слем титула. Неверојатно постигнување. Секогаш импресивен борбен дух кој преовлада уште еднаш. Честитки. Медведев даде се од себе и играше со пасија и одлучност каква што сите очекувавме од него“, изјави Новак Ѓоковиќ.
 
Честитката на Роџер Федерер беше многу посрдечна од таа на Ѓоковиќ.
 
„Каков меч. Честитки од срце до мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал за тоа што стана првиот тенисер во историјата со 21. грен слем трофеј. Пред само неколку месеци се шегувавме затоа што двајцата бевме со патерици. Неверојатно. Никогаш не го потценувајте големиот шампион. Твојата неверојатна работна етика, посветеност и борбен дух е моја инспирација и на многу други низ целиот свет. Горд сум што ја делам оваа ера со тебе и чест ми е што играв улога во тоа да те туркам да постигнуваш повеќе. Како што ти правеше за мене изминатите 18 години. Сигурен сум дека ти престојат уште многу големи достигнувања, но сега уживај во овој момент“, напиша Федерер за Надал.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ