Партизан имаше водство само во воведниот дел од мечот, потоа Еурофарм Пелистер ја почна својата доминација. Битолскиот тим во текот на првото полувреме на двапати имаше предност и од пет разлика, на одморот заминаа со водство од 13-10.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер повторно дојде до највисоките пет разлика, но следуваше пад, серија на Партизан со која дојдоа до израмнување 19-19. Откако стана алармантно, Битолчани повторно додадоа гас и го вратија водството, на крајот победија со 25-23.
Најдобар во составот на Пелистер беше Мараш со седум голови, кај Партизан најефикасни беа Зечевиќ и Максиќ со по пет погодоци.






