понеделник, 8 декември 2025

Еурофарм Пелистер храбро се борешe, но не го изненади Ним

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Жељко Бабиќ водеше во добар дел од мечот, но слабата ротација си го створи своето, Ним ја оправда улогата на фаворит и дојде до планираната победа.
 
Пелистер неколкупати во првото полувреме водеше со два разлика, но Ним се врати и на паузата замина со предност од 13-12. Македонскиот тим го врати водството во вториот дел, но тоа не траеше долго, Французите повторно поведоа и го контролираа мечот до самиот крај.
 
Граѓан со седум голови беше најдобар во составот на Еурофарм Пелистер, Табоада постигна пет, Секељ имаше осум одбрани. Во составот на Ним, Мохамед Хишам Санад постигна 10 голови.
 
Ова беше дуел на првата и втората екипа на табелата во групата Д и затоа двата бода се двојно позначајни за Ним, кој сега води со 11 бода, пред Еурофарм Пелистер со осум.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ