среда, 10 декември 2025

Еурофарм Пелистер го понижи АЕК во Битола

Објавено на

часот

Сподели

Грчкиот тим се држеше во првото полувреме кое го загубија со два разлика, тие 30 минути беа исклучително неефикасни, Еурофарм Пелистер ги доби со 10-8.
 
Но, во вториот дел Пелистерци приредија шоу на својата публика, го добија полувремето со 20-11 и славеа со вкупни 30-19.
 
На голот на Еурофарм Пелистер блескаше голманот Мартон Секељ кој заврши со 15 одбрани. Најефикасен беше Мандалиниќ со седум голови, Табоада и Божиќ Павлетиќ постигнаа по шест погодоци.
 
Еурофарм Пелистер како второпласиран оди во следната фаза, а таму за противник ќе го има хрватскиот вицешампион Нексе. Првиот меч се игра на 29 март во Хрватска, реваншот е на 5 април во Битола.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ