Извршниот комитет на ЕХФ ја прифати иницијативата на комисијата за натпревари и на својот последен состанок го укина правилото за гол во гости во клупскиот и репрезентативен ракомет почнувајќи од следната сезона.
Се очекува како и во фудбалот, да се намали тактизирањето на клубовите со бројот на погодоци и играта да биде поатрактивна.






