Вардар денеска го изненади Монпелје во Франција, македонскиот тим со серија од седум порази по ред отпатува кај лидерот во групата од Лигата на шампионите и успеа да слави со 28-25.
Ова беше прв меч за Давид Дејвис како тренер на Вардар во меч од Лигата на шампионите, неговите момци одиграа фантастично и дојдоа до голем триумф.
„Честитки за моите ракометари, зашто завршија фантастична работа во дуелот со Монпелје. Ова е важна победа за нас, која дојде по голема борба и нормално дека сум среќен. Нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и со ваква игра можеме секого да победиме. Задоволни сме од тоа што го прикажавме против еден вака силен ривал“, изјави Дејвис.






