среда, 24 декември 2025

Дејвис: Секако ќе бидеме петти, но одиме на победа против Елверум

Објавено на

часот

Сподели

Вардар во среда го пречекува Елверум во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите. Веќе се знае дека противник во осминафиналето ќе биде тимот на Веспрем. 
 
Но, без разлика што резултатот од мечот со Елверум е неважен, тренерот Давид Дејвис најави игра на победа.
 
„Ќе бидеме петти секако, ама за нас е ова важен меч, зашто мора да продолжиме со работа. Ние играме дома и мора да напредуваме. Елверум е добар противник кој игра добро на гости. Сега му му требаат бодови, а за нас ова е шанса да видиме до каде сме. Мора да играме сигурно и на победа“, изјави Дејвис.
 
Дејвис е на слатки маки, има голем избор, Анте Гаџа се враќа во тимот по повредата, а во строј се и новите засилувања Стефан Додик и Костадин Петров.
 
„Тешко е за мене, имаме доста играчи во ротација. Ќе видиме кој од новите ракометари ќе се вклопи во системот. Анте Гаџа се враќа и можеби ќе игра, а Додиќ веќе некое време тренира со нас и ќе настапи со Елверум. Нам ни е важно да дојдеме до победата, без разлика кој ќе игра“.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ