понеделник, 8 декември 2025

Дејвис почна со пораз, Вардар загуби од Нексе

Објавено на

часот

Сподели

Вардар со пораз ја почна сезоната во СЕХА лигата. Во неизвесен меч со драматичен крај македонскиот тим загуби со еден гол разлика од Нексе.
 
Нексе победничкиот гол го даде на 40 секунди до крајот на мечот кога веќе беше подигната раката на судиите за пасивен напад. Вардар имаше доволно време барем за реми, но не успеа да реализира.
 
Нексе водеше во првото полувреме, Вардар имаше предност во вториот дел, на крајот хрватскиот тим подобро се снајде во завршницата.
 
Куни Моралес и Тимур Дибиров со по пет гола беа најефикасени во тимот на Вардар, Мартин томовски имаше шест одбрани. За Нексе, Фахрудин Мелуќ даде шест гола, пет имаше Јагањац.
 
Следниот натпревар на Вардар е во вторник на гостински терен кај Војводина.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ