На Монпелје во француското првенство не му оди најдобро во но Лигата на шампионите е одличен, се наоѓа на првото место во групата А. Имаат 16 од можни 20 бодови.
„Играме против Mонпелје во првиот натпревар од Лигата на шампионите и мислам дека тоа е најтешкиот противник во моментов затоа што се одлична екипа. Во француската лига можеби не изгледа така, до декември и не игрaа така добро, но затоа во ЛШ беа одлични. Сега се враќаат горе на табелата и во Франција. Мислам дека ќе биде многу тешко ем дома кајнив, ем натпревар после паузата, ама исто така ние мора да ја играме нашата игра. Одиме таму како и секогаш, да победиме“, вели Давид Дејвис.
„Важно ќе биде да видиме каде сме ние бидејќи игравме добро во домашното првенство, а во СЕХА игравме променливо. Монпелје е прв натпревар, важно ќе биде да видиме до каде сме, а потоа имаме само една цел, да се пласираме во првите шест на табелата“.
Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар се игра утре со почеток од 18:45 часот.






