Вардар со пораз на свој терен ја почна новата сезона во СЕХА лигата, Давид Дејвис вели дека ќе мора повеќе да се работи и да се променат некои работи.
„Трениравме овој месец, бидејќи дел од играчите беа со своите репрезентации и доцна се приклучија. Сите бевме нервозни на овој прв натпревар. Не бевме најдобри, ќе мора да промениме многу работи во иднина. Екипата играше добро и јасно знаеме што ќе играме во иднина. Ќе бев посреќен со победа, но тоа е што е, не можеме да очекуваме многу уште на првиот натпревар. Нè чека уште многу работа со тимот“, рече Дејвис по натпреварот.






