Мечот меѓу Вардар и Загреб беше тежок за гледање, но на крај црвено-црните дојдоа до планираната победа и освоја важни бодови.
„Среќен сум, затоа што победа е победа. Натпреварот беше многу тежок, како и секогаш, ова е Лига на шампионите. Играчите беа нервозни и мислам дека натпреварот не беше многу убав. Меѓутоа денеска беше ситуација сега или никогаш, па затоа најважно е што победивме и многу сум среќен бидејќи ова е мој втор натпревар во ЛШ и втора победа“, изјави Дејвис.
„Сакаме и понатаму да продолжиме со работа. Досега ни беше доста тешко, поради густиот распоред не ни имавме многу време да се подготвуваме за натпреварот. Од 4 февруари наваму имавме натпревар, речиси секој втор натпревар, затоа овој натпревар беше многу важен за нас, за клубот, за сите. Сега имаме малку помирен распоред, ќе тренираме повеќе и ќе се обидеме да влезат во системот и Додиќ и Крстевски…сите“.






