Вардар ќе има невозможна мисија во Унгарија да надополни осум голови негатива, а според квалитетот на двата тима никој не верува дека тоа би можело да се случи, Веспрем ќе биде патникот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар одиграа уште еден разочарувачки меч, овојпат на европската сцена и повторно пред своите навивачи во салата „Јане Сандански“.
Вардар добро го почна мечот, по стартното водство на Веспрем од 2-0, македонскиот тим постигна четири голови едно по друго и дојде до предност од 4-2. Ваквата предност ја одржуваше, при 9-7 нашиот тим имаше напад и за три голови разлика, не искористи и потоа почнаа да се менуваат работите. До крајот на првиот дел Вардарци постигнаа само два гола, а противникот осум, на полувремето Веспрем отиде со позитива од 15-11.
Во втотиот дел Вардар брзо даде гол, а потоа имаше неверојатен пост од 12 минути без да погоди. Веспрем ја зголемуваше предноста и брзо се стана јасно. И овие 30 минути завршија со 15-11 за унгарскиот тим, конечниот резултат беше 30-22 за Веспрем.
Најефикасни во составот на Вардар беа Филип Талески и Тимур Дибиров со по шест голови. Кај Веспрем Андреас Нилсон беше најдобар со осум голови, Петар Ненадиќ постигна шест.






