На Црна Гора ѝ оди со селекциите од поранешна Југославија, прво ги совлада Македонија и Словенија, а сега ја сруши и Хрватска која беше сериозен фаворит во овој меч.
Хрватска го имаше само почетното водство од 1-0, потоа Црна Гора направи пресврт и до крајот на мечот беше во резултатска позитива.
На полувремето Црногорците водеа со 15-9. Во текот на вториот дел дојдоа и до највисоки осум голови предност, на крајот победија со 32-26.
Симиќ со 14 одбрани беше играч на мечот, а одлични партии имаа и Милош Вујовиќ и Бранко Вујовиќ кои постигнаа по седум голови. Толку имаше Чупиќ кај Хрватска кој беше најефикасен.
Во другата група Шведска ја победи Русија со 29-23.






