четврток, 11 декември 2025

Црна Гора е предизвик кој мора да се победи

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометари во позитивно светло се покажаа на стартот од Европското првенство и покрај тоа што загубија од Словенија. Но, сега на ред е натпревар на кој добар впечаток може да се остави само доколку се победи.
 
Македонија е фаворит против Црна Гора, но противникот не е воопшто слаб, Кире Лазаров знае дека се работи за состав кој никако не смее да се потцени.
 
„Не сакам да ја потценам Црна Гора, која можеби има подобри индивидуалци и од нашата репрезентација, но мислам дека сме подобри како колектив. Не сакам да ги отворам картите пред  натпреварот, а треба и да го анализираме противникот затоа што во досегашните материјали и нивниот вчерашен настап има мали разлики во составот. Никогаш не се знае затоа што ниту вчера не ги очекувавме Шеваљевиќ, ниту Мијушковиќ, кои се враќаат во репрезентацијата“, вели селекторот Кире Лазаров.
 
Добра вест за нашата репрезентација е враќањето на голманот Никола Митревски кој ќе биде во составот за денешниот дуел со Црна Гора.
 
Со победа во овој натпревар ќе ги задржиме шансите за пласман во следната фаза без разлика што тие се мали по загубениот меч од Словенија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ