четврток, 11 декември 2025

Брзата помош го пронашла телото на Тот пред дискотека, ракометарот бил помодрен во лицето

Објавено на

часот

Сподели

Хрватскиот ракометар на Бутел, Денис Тот ја загуби битката за својот живот и почина на 27-годишна возраст. Докторите повеќе од 24 часа се бореа за неговиот живот, но не успеаа да го спасат.

Првичните информации велеа дека ракометарот бил претепан, но од КАРИЛ соопштија дека на телото на Тот немало траги од насилство. Таквата верзија ја потврди и МВР.

Од Брза помош за „Нова ТВ” соопштија дека вчера рано наутро имале интервенција, го пронашле телото на Тот пред дискотеката „Привилиџ”, лицето му било помодрено, немало траги на насилство, а лекарите констатирале ниска сатурација, слаб пулс и дека момчето мирисало на алкохол.

Амбасадорот на Македонија во Загреб, Милаим Фетаи за хрватски „Вечерњи” изјави дека во крвта на ракометарот не биле пронајдени наркотици или некакви други супстанци. Се очекува обдукцијата да ја даде причината за смртта.

„Ќе се оди детално со истрагата. Управителката на клиничкиот центар вели дека немало траги на насилство и не се работи за убиство. Тие се обиделе да го реанимираат, но Денис починал, неговото срце запрело. Сега е предаден на обдукција, по што ќе биде позната причината за неговата смрт. Тоа што е сигурно е дека не бил под дејство на наркотични средства”, вели Фетаи за „Вечерњи”.

Во меѓувреме МВР состави посебен тим кој ќе ја води истрагата со цел да се добијат точните информации за смртта на ракометарот Денис Тот. Тоа го потврди хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ.

„Го следиме случајот и контактиравме со сите важни инситуции. Министерството за внатрешни работи состави посебен тим кој ќе ја води истрагата за да се добијат точните информации”, вели Тигањ за хрватските медиуми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ