понеделник, 6 април 2026

Борко Ристовски и следната сезона ќе брани за Вардар

Објавено на

часот

Сподели

Борко Ристовски стави потпис на договор со Вардар и за следната сезона. Актуелниот договор му истекуваше на лето.
 
„Во овој спорт не може да се каже дали ќе биде уште една, дали уште пет. Важно е дека сум добар, здрав сум и тренирам добро. Јас сега повеќе сакам да им отстапам место на помладите, ме радува многу што Мартин Томовски се развива во одличен голман. Сега го имаме и Венио Лосерт, едно големо име и работиме одлично со него, се забележува напредок и кај Гогов”, рече Ристовски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ