Во пресрет на мечот во Мелбурн интересна изјава имаше Рафаел Надал. Шпанецот го прашаа за кого ќе навива, бидејќи се наоѓа во Австралија за завршницата на турнирот, па тој анализира.
„Имам добар однос со Алкараз, игравме заедно на Олимписките игри и бевме дел од ист тим. Ако победи Ѓоковиќ, ќе бидам среќен за него бидејќи тоа што го прави е спектакуларно. Нема да биде трагедија за мене ако победи. Сепак, ако морам да одберам, чувствувам дека морам да го поддржам Карлос“, откри Надал.
Финалето на „Род Лејвер Арената“ се игра в недела во терминот од 09:30 часот.






