понеделник, 15 декември 2025

Работнички со уште еден пораз од Торпедо Белаз го заврши европското лето

Фудбалерите на Работнички загубија и на домашен терен од Торпедо Белаз, овојпат беа поразени со 1-0 во реванш натпреварот од првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот тим беше поразен на првиот меч со убедливи 3-0, па денес само чудо можеше да ги остави во Европа, но тоа не се случи.

Работнички уште еднаш загуби и со вкупни 4-0 е елиминиран од Европа уште по првото квалификациско коло.

Единствениот погодок на мечот се случи во 14. минута кога Алфред постигна гол за Торпедо, што беше и конечен резултат на мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ