Скопјани дојдоа до водство уште во раната фаза од мечот преку Јован Попзлатанов, кој со несекојдневен удар го изненади домашниот голман и донесе 0-1. Стружани имаа повеќе од играта и создадоа неколку добри прилики, но израмнувањето го дочекаа дури на стартот од второто полувреме, кога Христијан Малески реализира пенал за 1-1.
Кога се очекуваше поделба на бодовите, Работнички стигна до цел плен во самиот финиш. Во 85. минута Аритон Мехмед со својот прв контакт со топката ја затресе мрежата за конечни 1-2.
Со четвртата победа во низа, „романтичарите“ сериозно се враќаат во игра за опстанок, додека Струга пропушти шанса да се доближи до врвот.






