Романтичарите играат очајна сезона, ги менуваат тренерите, но резултатите никако да дојдат.
„Фудбалскиот клуб Работнички ја информира јавноста дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Ален Тупајиќ. Српскиот стратег го водеше Работнички на трите последни натпревари од есенскиот дел од првенството, во кои тимот забележа порази“, стои во соопштението на Работнички.
Изјава за збогум имаше и тренерот Тупајиќ.
„Би сакал да се заблагодарам на ФК Работнички за дадената можност за соработка. Искажувам благодарност до раководството на клубот, фудбалерите и навивачите. Ова беше кус престој, но дадов сѐ од себе со напорна работа да подобриме дел од работите. Не успеавме да најдеме заеднички јазик за продолжување на соработката, но на Работнички му посакувам многу успех во иднина, со надеж дека ќе успее да ги реализира целите и да обезбеди опстанок во елитата оваа сезона“, изјави Ален Тупајиќ.
Во наредниот период Работнички ќе бара нов тренер.






