вторник, 10 февруари 2026

Работнички промовира играч кој порано бил дел од англиски премиерлигаш

Работнички продолжува со сериозната реконструкција на тимот во зимскиот преоден рок и обезбеди уште едно странско име во ростерот.

Објавено на

часот

Сподели

Нов фудбалер на скопскиот клуб е Џастен Крантове, 25 годишен централен дефанзивец од Холандија со потекло од Суринам.

Крантове во ПМФЛ пристигнува од Тренчин, каде што настапуваше од минатиот февруари. Во тековната сезона запиша девет натпревари во словачкиот шампионат, по што се реши за нов предизвик и преселба во македонскиот фудбал.

Неговата кариера започна во Холандија, а во 2018 година се пресели во младинските категории на Лестер Сити. Подоцна беше дел од Слован Либерец, Хумене и Отелос Атиен.

Работнички претходно во овој преоден рок ги ангажираше Фабрис Ондоа, Џејсон Езеб, Аритон Мехмеди, Чарлс Аколатсе, Јован Попзлатанов, Егзон Белица, Никола Пејовиќ и Зија Мерџани, а новиот проект ќе го предводи тренерот Муарем Муарем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ