Силекс беше немоќен против Дечиќ во Црна Гора каде што беа поразени со 2-0. Домашниот тим кој констатно беше подобар противник го отвори резултатот во 39. минута и со еден гол предност замина на пауза. На стартот од вториот дел Мирчевски заработи исклучување, па работата на кратовчани стана уште потешка. Победата за домашниот состав ја потврди Ндиаје на 20-тина минути пред крајот.
Не помина добро и екипата на Работнички кој со 3-0 загуби од Торпедо Белаз во натпреварот кој се играше во Унгарија поради ситуацијата во Белорусија.
Садко го постигна единствениот гол во првото полувреме за во второто да погодуваат Побудеј и Алфред.
Сега пред македонските претставници во реваншот ќе имаат тешка задача да ја надополнат оваа негатива.