понеделник, 16 март 2026

Работнички го победи Башкими во Куманово, Пелистер остана непоразен во Кратово

Работнички ја продолжува одличната форма во вториот дел од сезоната и полека фаќа приклучок со останатите екипи, дебармаалци денеска со 2-1 победија на гостувањето кај Башкими, немаше голови на мечот меѓу Силекс и Пелистер.

Објавено на

часот

Сподели

Башкими беше голем фаворит во овој дуел, но Работнички покажа дека не е оној истиот од првиот дел од сезоната.

Резултатот во Куманово беше отворен по една грешка на одбраната на домаќините кога во 11. минута погоди Муарем за водство од 1-0 на Работнички.

На 20. минути до крајот Талаков зголеми на 2-0, а во 79. минута Алексовски погоди за конечни 2-1.

На другиот денешен меч Пелистер успеа да остане непоразен на гостувањето во Кратово кај Силекс. Мечот заврши без голови 0-0.

Standings provided by Sofascore
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ